АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зголемен е бројот на прегледи на пациенти со вирусни заболувања на Инфективното одделение при Клиничката болница со Битола,како и на Одделот за интерни болести каде дел од лицата што побарале лекарска помош имале инфективни заболувања.
Според податоците од болницата, на Инфективното одделение месечно имаат околу 500 прегледи, а 120 до 150 пациенти примаат терапија во дневна амбуланта, а на Интерното одделение 1551 прегледи, од кои дури дваесет отсто се хоспитализирани меѓу кои и лица со инфективни болести. Од септември до сега бројот на регистрирани ковид слуаи е 65, од кои во септември 21, октомври 36 и досега во ноември 8 потврдени случаи.
Дел од пациентите со поизразени симптоми на ковид-19 и за кои е потребна хоспитализација се упатуваат на Одделот за интерни болести каде минатиот месец имаше осум хоспитализирани лица со симптоми на корона.
„За септември бројката на интни специјалистички прегледи беше 1344 пациенти, од кои 81 лице со инфективни заболувања со температура, бронхопневмонија или енероколити. Во истиот месец на Одделот имаше 323 приеми, од кои 20 заболени со инфективни болести и тројца со симптоми на ковид-19. Во октомври наголемување на бројките и тоа итни специјалистички прегледи на месечно ниво 1551 од кои 9 пациенти со ковид-19. Во истиот месец на одделот има 348 приеми од кои 30 пациенти со инфективни болести, а 8 со симптоми на ковид- 19 и се хосапитализирани. Хоспитализираните пациенти со ковид- симптоми се сметуваат во посебни соби за изолација и немаат контакт со останатите лежечки пациенти“, вели Ивона Трифунов, портпаролка на Клиничката болница од Битола.
На Инфективното одделение зачестени се зболени со варичела, горнорепираторни заболувања и ковид-19. На ова одделение на годишно ниво има 6500 прегледи, работи од 7 до 19 часот со двајца лекари специјалисти- инфектолози. Едниот специјалист е со полно работно време од 8 часови, вторниот со скратено од 4 часови. На Одделот за интерни болести има 90 вработени од кои 15 доктори специјалисти и субспецијалисти , а другиот медицински и помошно технички персонал. Од болницата велат дека на двете одделенија успеваат да ги покријат потребите на заболените.
„Зачестени се пациентите, деца и возрасни заболени, со варичела, овчи сипаници, горнореспираторни заболувања и ковид-19 што е стандардно за овој период од годината“, вели Трифунов.
Ж.Здравковска