2win800x200

Спасовски во посета на СВР Битола: Ефикасноста зголемена за 50 проценти, по превентивни активности меѓу најактивните Сектори во државата

Ноември 25, 2023

Инвестициите во полициските станици при СВР Битола ги подобрија условите за работа на полициските службеници, но и условите за остварување на правата на граѓаните. Покрај капиталните инвестиции вложени во инфраструктурата, регистрирана е и зголемена ефикасноста во работењето на полицијата. На ниво на СВР Битола во првите 10 месеци од годинава има намалување на тешки кражби за 46 проценти. Само на подрачкето на Битола намалување за 71 процент, а расчистени се сите пријавени разбојништва, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денес беше во посета на Битолската полиција.

Реконструирани пет полициски објекти при СВР Битола

„Полициската станица во Битола пред четири години го доби новиот лик како една од 80 станици кои ги реконструиравме. Реконструкцијата чинеше 7 милиони денари обезбедни од буџетот на Министерството. На објектот е поставен систем на соларни панели, а канцелариите се комплетно опремени со нови клима уреди, па не само што овозможуваат разладување во летниот период, туку и во зима подобрен е системот за греење“, рече Спасовски.

571dc078 b18f 4673 acd8 faae289e41db

Во 2021 година во рамките на подрачјето што го опфаќа СВР Битола беа инвестирани околу 38 милиони денари со реконструкција на објектите на ОВР Прилеп, Ресен, Крушево и полициското одделение Кривогаштани. Во нив комплетно се сменети сите инсталации, столаријата, изработена нова фасада.

„Реализирани се насоките на Владата за енергетската ефикасност и заштита на животната средина. За сите пет објекти беа издвоени средства од буџетот на МВР и ги задоволуваат непречено функционирањето на службите и оставувањето на потребите на граѓаните“, додаде Спасовски.

Објектите се дел од 80 целосно реновирани енергетско ефикасни објекти на МВР низ државата во што се вложени 8 милиони евра. Три се ново изграденми од темел, како што е и ИКТ Центарот за заштита и чување на податоци и опоравување од катастрофа, кој се напаѓа на подрачјето на СВР Битола во Прилеп.

Скоро за половина намалени тешките кражби

„Ова секако влечи и зголемена ефикасноста на полицијата. На ниово на СВР Битола во првите 10 месеци од годинава бележиме намалување на тешки кражби за 46 проценти. Само на подрачкето на Битола намалување за 71 процент. Расчистени сите пријавени разбојништва на ниво на СВР Битола. Во спречувањето на дрогата СВР поднесе 82 кривични пријави против 105 сторители , а во делот на нелегалната сеча на дрвја извешени се 211 акциски и над 4000 редовни контроли при што е запелента дрвна маса во вредност од 133 метри кубни. Имаше локална оперативни акција со која беа опфатени отпадите и субјектите кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини при што се лишени од слобода 18 лица од Битола, а поднесени 39 кирвични пријави против 50 лица“, рече Спасовски.

spasovski vo bitola

Тој додаде дека за поздравување се и над 3000 превентивни активности на ова подачје, од кои една третина во Битола, па овој Сектор во однос на превентивните активности е еден од најактивните во Македонија.

Ефикасноста во недозволената трговија со дрога и  оружје зголемена за 75 проценти 

„Сите превентивни активности и репресивни мерки вродија со плод , па во Битола вкупниот број на извешени кривични дела бележи намалување за 25 проценти, а оставрената ефикасност на полицијата е 50 проценти. Намалување за 40 проценти бележат и кривични дела од класичниот криминал, додека во делот на недозволената трговија со дрога и оружје ефикасноста е зголемена за 75 проценти што резултураше со 60 поднсени кривични пријави за 80 сторители’, рече министерот.

1b24ee02 f27e 4050 b01e a42e9c3c44f9

Тој порача дека ќе се справат со секаков вид на криминал и со секој еден криминалец. .

„Нити еден човек во државата не може да биде посилен од државата. Ниту еден криминалец не може да биде посилен од државата. Државата сме сите ние и не може криминалците да надвладеат над огромното мнозинство на граѓани кои се чесни, одговорни и кои ја посакуваат безбедна Македонија“, рече тој.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани