АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кримполицијата при СВР Битола, ноќеска во акција во кафе бар во Старата битолска чаршија затекна голем број на малолетници во локал кај Аврата кои биле таму и после полноќ а добар дел од нив биле под дејство на алкохол.
На 25.11.2023 година во времето од 00.10 до 01.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола беше извршена акциска контрола во кафе бар лоциран во Старата чаршија во Битола при што беа затекнати 68 малолетници, од кои 8 малолетници под дејство на алкохол.
По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.