Замрзнаа Пелистерските Очи-убавините на Пелистер низ фотографии од планинарите на Олимпус Монс

Ноември 26, 2023

И денеска група планинари од Олимпус Монс се искачија на Големо Езеро, тури што ги организираат во пресрет на проектот Прва на први, настан кој во изминатите години разбуди голем интерес меѓу вљубениците во планината. Турата овој пат се одвиваше во вистински зимски услови, со снежната покривка на Пелистер од 40 цм, температура од -7 степени и ветер со брзина од 50 до 60 км на час.

-Поради ветерот и снегот, не се користеше стандардната зимска патека за искачување, затоа што наносите од снег на места беа повеќе од еден метар и половина. Насоката на искачување после Дебел рид, се одвиваше по врвот Мразарник, па пристигнувањето на ГолемоЕезеро беше од јужна страна, а не од источна страна која е најчесто искачувана. Поради временските услови денес тоа беше најбезбедниот и најлесниот пристап, велат до Олимпус Монс.

Олимпус Монс во пресрет на Први на први до крајот на оваа година, еден ден од викендот ќе организираат планинарски акции на Пелистер.

Инаку   турата со симболично име „Први на први“ за ноќно искачување на највисокиот врв на Баба Планина е 12 годишна традиција, а целта е првото изгрејсонце во Новата година да се дочека на 2601 метар надморска височина.

Искачувањето,    започнува  30 минути после полноќ, со што оваа е и првиот спортски настан во Новата Година.

 

viber image 2023 11 26 16 19 26 977

 

 

 

 

viber image 2023 11 26 16 19 27 171

viber image 2023 11 26 16 19 27 769

viber image 2023 11 26 16 19 27 825

viber image 2023 11 26 16 19 27 935

viber image 2023 11 26 16 19 28 126

viber image 2023 11 26 16 19 28 300

viber image 2023 11 26 16 19 28 436

viber image 2023 11 26 16 19 28 657

viber image 2023 11 26 16 19 29 018

viber image 2023 11 26 16 19 29 306

viber image 2023 11 26 16 19 29 740

viber image 2023 11 26 16 19 29 980

viber image 2023 11 26 16 19 30 275

viber image 2023 11 26 16 19 30 432

viber image 2023 11 26 16 19 30 556

viber image 2023 11 26 16 19 30 703

viber image 2023 11 26 16 19 30 828

viber image 2023 11 26 16 19 30 964

viber image 2023 11 26 16 19 31 121

viber image 2023 11 26 17 07 00 155

viber image 2023 11 26 17 23 14 495

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани