АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во јуни годинава во Битола имало трипати повеќе странски туристи отколку пред осум години, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Според нивната база на податоци, во јуни 2018 година Битола ја посетиле 2571 странски турист, а истиот месец 2011 година 859. Во јуни ова лето биле регистрирани 6670 ноќевања од страна на странски туристи, а истиот месец пред осум години 1595 ноќевања што е дури четири пати повеќе. Сепак, не се работи за нагло зголемување на бројот на странски туристи, туку тој постепено се зголемувал во изминатите години.
За јули податоците сѐ уште не се објавени.
-Фото од податоците на Заводот за статистика за шести месец 2011 и 2018 година: