АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес се празнува летна Света Петка. Еден од најубавите манастири посветени на Света Петка е оној во село Цапари, Битолско. Оддалечен е на еден километар од селото, а се верува дека таму имало и манастир од 16 век. Подоцна тој изгорел, па бил обновен со пари од верниците. Денешниот храм изобилува со убавина и спокој. Опколен со густа шума, претставува природна ладовина полна чист воздух за бегство од жештината во овие летни денови, но и од градскиот загаден воздух. Денес манастирот е преполн верници кои се молат и палат свеќа за здравје.