Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња

Август 17, 2018

Само три проценти од улиците во Битола носат женски имиња, а дури 43 проценти машки. Според информации од гугл мапс и викимапиа, Битола има околу 345 улици, од кои околу 150 носат машки имиња, десетина женски, а останатите имиња на места, датуми и настани.  На секоја 34-та улица доаѓа по една со женско име. 

Тоа се најчесто имиња на партизанки и револуционерки, како Мара Јосифовска, Елпида Караманди, Вера Циривири-Трена, Ружа Делчева, Мирка Гинова и други.

Бројот на улици со женски имиња незначитечно е зголемен во однос на периодот од повеќе децении. Така, во поранешна Југославија во градот имало само седум улици именувани по женски личности, а дури 119 со машки имиња. Во периодот под бугарска власт во Втората светска војна  биле само шест, некои носеле имиња на бугарски царици и жени кои помагале во македонските востанија..

Потребен е родов баланс, зашто кај нас по правило мажи има повеќе почнувајќи од политиката, па сѐ до имињата на улиците. Зарем само чистачки на скали да имаме повеќе од мажи? Не мора застапеноста да биде секогаш 50 на 50 проценти, но да нема вакви разлики. На пример, во Битола не се сетиле ни една улица да ја наречат со името на Анча Ристевска, која беше една од основачите на Организацијата на жени во 1944 година, а почина пред една година. Понатаму, од 16 основни и средни училишта, само едно носи женско име“, вели Светлана Петковска од Организацијата на жени од Битола.

Историчарите велат дека од секогаш имало заслужни женски ликови за со нивните имиња да се обележат улици, но или биле фрлени во зборав или на мажите им се давало предност. Таков е примерот со големата хуманитарка наречена битолска Мајка Тереза, односно Захрија Шумљанска и првата битолска комитка Донка Ушлинова, со чии имиња се обележаа улици пред неколку години, по повеќе од еден век од нивното делување.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани