АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Едно од ретките, а можеби и единствено оваа година Техничкото училиште во Битола реновира два кабинети со странска донација како и одводот и доводот во 8 училници. Санацијата се извршува со финансии од Општина Битола во висина од 171 000 денари и помал дел со сопствени средства.
При денешната посета на школото можеше да се види што се е заменето и во која состојба била инсталација, зарѓени цевки, дотраени инсталации, влага по ѕидовите. Но, она што се обновува и реновира особено новите кабинети ветуваат подобрување на состојбите.
-Кабинетот по физика се реновира, тој е еден од двата кабинети кои се уредуваат со донација од Амбасадата на Р. Германија во висина од 5 500 евра. Го средуваме заедно со Општина Битола која е партнер во таа донација со нашето училиште. Другиот кабинет е за пракса по електро-енергетика и во него се започнати работите претежно на замена на дотраената санитарна и водоводна инсталација. Исто така санитарната и водоводна инсталација се санира уште во 8 други училиници каде состојбите беа најкритични, изјави Владимир Роме, директор на техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“-Битола.
Техничкото училиште е изграедно 1986 година и од тогаш до сега нема покренато ниту една капитална инвестиција или интервенција, така што денеска оштетувањата во самиот објект се големи, а во очи паѓа и старата дограма. Така што Техничкото училиште можеби е и единствено во градот каде што нема поставено ПВЦ дограма со што се прават големи загуби на енергија во текот на грејната сезона.
-Се надевам дека ќе наидеме на поголемо разбирање во иднина со Општината и оваа помош ќе се интензивира и зголеми . Во моментот оваа инвестиција на Општината е околу 3 илјади евра за поправките што сега се прават во моментот. Се надевам дека ќе ги подобриме условите за работа и за учениците и за вработените ,вели директорот Роме.