2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Танушевски со нова книга за ребрендирањето на конзулската традиција во Битола

Август 16, 2018

„Лобирање во културата –конзулска дипломатија во Битола“ е новата објавена книга на д-р Марјан Танушевски, долгогодишен новинар, експерт во лобирање и претседател на Научното друштво од Битола. Промоцијата на книгата се одржа синоќа во Салата за клавири на Завод и музеј во Битола. Книгата претставува еден вид ребреднирање на конзулската традиција во Битола која се обнови од 1995 година,па наваму до денес. Содржи опсежна анализа на тоа што сработиле конулите во Битола, посебно преку лобирањето.

 

„Гледано од досегашниот продонес на досегашните кознули, низ истражувањето добив впечаток дека е генерално поврзано со културата, образованието, науката. Но, мојот мотив е битолските конзули сепак да го зголемат својот опфат и да придонесат во нашиот град и со подрршка на економскиот развој. Тоа ново конзулско лоби мислам дека е реално и остварливо и има и потенцијали доколку се ангажираат, а јас им помагам со ефикасна алатка а тоа е лобирање“, рече Танушевски.39274543 294524597990292 1882435280519036928 n

Промотори на книгата беа францускиот почесен конзул во Битола, Калиопи Кривашија Стилиновиќ и македонскиот дипломат, професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.

„Ова е книга со оригинален пристап, посебна обработка на податоци. Танушевски со сет на многу добро осмислени прашања успеа да нѐ натера да се обединиме во нашата различност и секој да ја донесе пред читателите, идни и сегашни, приказната за своето делување и начинот на кој го користиме лобирањето во културната дипломатија“, рече Кривашија Стилиновиќ, прв почесен конзул во Битола и доајен на почесната дипломатија во Македонија.

Според Ружин, Танушевски со ова дело дал извонреден подарок за родната Битола, неречена уште и град на конзулите. Тој рече дека во книгата има приказ за придонесот на почесните конзули во Битола и дека политиката, културата и дипломатијата одат рака под рака.

„Политиката секогаш е присутна во активноста бидејќи таа е и дел од лобирањето, дел од културата. Токму оваа помешаност меѓу дипломатските дејности, меѓу културните дејности и лобирањето ја збогатуваат таа слика, затоа не можеме да ја изолираме политиката, но истовремено не можеме и се што ќе кажеме за некоја настан од доменот на дипломатијата да го замислеме без политика. Рака под рака се и политиката и културата и дипломатијата“. Рече Ружин.

На промоцијата присуствуваше скоро целиот конзулски кор од Битола, а авторот Танушевски им подари по еден бесплатен примерок од книгата. 39467547 276834182911299 8616204939854610432 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани