2win800x200

Битолчани ги распалија огновите за Коледе

Јануари 05, 2024

Битолчани останаа верни на традицијата и ги запалија коледарските огнови. Овој адет во Битола е стар со децении и ниедна година нема отстапување без разлика на студот и загадениот воздуг. Роднини, пријатели, соседи се собраа и вечерва околу огништата и ја минуваат ноќта во дружба со печени колбаси и греана ракија. Според верскиот календар денеска  е „Свети Наум“ па на огнот се носи и посна вечера, важно е дружењето и традицијата. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани