АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актерката Маја Андоновска Илијевски е новото лице кои се споменува за предлог кандидат за пратеник за петта изборна единица од ОО на СДСМ Битола. Андоновска Илијевски е на чело на Центарот за култура во Битола во изминатите 6 години и бележи значајни резултати и како културен работник и како менаџер на оваа значајна културна институција во градот. Битолските социјалдемократи за време на викендот испратиле предлог кандидати за пратеничката листа на СДСМ во петката, а Андоновска Илијевски се доживува како освежување на политичката сцена.
Покрај неа на листата се предложени и секретарот на ОО на СДСМ Битола Гордана Анастасовска и претседателката на Форумот на жени Јадранка Павловска. Меѓу предлозите е и актуелната министерка за култура Бисера Стојчевска како и советничката Мирјана Ралевска.
Од предлог кандидатите на ОО на СДСМ Битола за пратеници на следните парламентарни избори се споменуваат имињата на советниците Методија Илиевски, Петар Николовски и Борче Корлевски, претседателот на ОО на СДСМ Битола, Драган Крајовски, на директорот на ЈП Стрежево, Методија Граматковски и името на директорот на Топлификација Горан Козаров. Социјалдемократите допрва ќе одлучуваат кој од предложените кандидати ќе ги претставува во петката на следните парламентарни избори.