2win800x200

Габриела Илиевска доби кривична пријава од градоначалникот Тони Коњановски

Март 07, 2024

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски поднесе кривична пријава до претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска.  Во обраќањето Коњановски рече дека -Советот мора да работи во интерес на проектите на граѓаните, а тоа значи дека треба да се стават на дневен ред и да се изгласаат предложените точки со цел Битола да добие велосипедски патеки, да се изврши реконструкција на поранешниот ресторан „Парк“, да се изгласаат измените на програмите и да се овозможи непречено работење на јавните претпријатија. Блокадата на Битола од страна на Советот мора да запре, зошто градот мора да функционира. За да добие Советот шанса да гласа, потребно е прво точките да бидат поставени на дневен ред од страна на Претседателката на Советот.

 -Сакам да ве известам дека, ќе поднесам кривична пријава против Претседателката на Советот на општина Битола, заради кршење на Деловникот и непостапување согласно Законот за локална самоуправа. Почитувани советници, тоа што ќе го оставиме зад нас е резултат на нашата успешност, независно дали сме биле опозиција или носители на локалната самоуправа,  рече Коњановски. 

 

Завршната сметка е исто како во кафана да одиме да имате ручек  а не сакате да ја потпишете.На Совет точките ги става мнозинството. Ако сте силни и доколку сте спремни и ако сметате дека може да освоите повеќе од 16 советници дали сте спремни да си поднесите оставка од градоначалник, рече Габриела Илиевска.

 

Градоначалникот возврати дека завршната сметка не смее да се изедначи како работа во кафеана. -Со име и презиме сум избран од граѓаните, тие даваат тие земаат,  ќе има локални избори. Денес ја разгледуваме завршната сметка која не ми личи на обична сметка, рече Коњановски.

А.Блажевска  

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани