2win800x200

Битолските пожарникари ќе добијат нов противпожарен дом

Мај 07, 2024

Деновиве започна реализацијата на проеетот за изградба на нов противпожарен дом во Битола. На локација во старата касарна се започна со рушење на стариот магацински простор.

-Градоначалникот Коњановски, заедно со стручните служби од општината изврши увид на почетните активности, со кои теренот ќе биде подготвен, веднаш да започне изградбата на новиот објект кој согласно проектната документација предвидува 1600 м² новоизградена површина. Објектот ќе ги исполнува современите стандарди за ваква градба, ќе има приземје, кат, гаража и простор за најмалку 12 противпожарни возила и ќе овозможи соодветни услови за вработените во територијалната противпожарна единица, која го покрива регионот на општините Битола, Новаци и Могила, објави општина Битола.

Вкупната вредност на склучениот договор за изградба на новиот противпожарен дом изнесува 52.824.773 денари.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани