2win800x200

Полицијата лиши од слобода тројца битолчани по вчерашната тепачка на Широк Сокак

Јуни 06, 2024

Лишени од слобода се тројца битолчани по вчерашната тепачка на Широк Сокак. Тепачката е снимена на  видео од случаен минувач. 

Полицијата официајално информира - На 05.06.2024 на ул.„Лазо Трпковски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода В.А.(39), И.А.(36) и Е.Р.(39), тројцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.00 часот во угостителски објект на ул.„Широк Сокак“ во Битола физички ги нападнале И.Ј.(40) и Д.С.(44), двајцата од Битола, при што употребиле остри и метални предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани