2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Само Венко Филипче и Александар Бајдевски дојдоа да ја претстават својата програма пред битолското членство

Јуни 27, 2024

Наместо четворицата канадидати во трката за претседател на СДСМ заедно да се претстават пред битолското членство, вечерва дојдоа само двајца да ја дебатираат својата програма за претседател на партијата, и тоа Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Вечерва во Пациото на Завод и музеј Битола се одржа едночасовна средба на членовите на СДСМ од Битола со Филипче и Бајдевски кои своите програми и визии како треба да се реформира партијата во иднина, по катастрофалиот пораз на неодамна одржаните претседателски и параламентарни избори,  ја образложија во најбитните сегменти. Пред битолчани не се појавија Јован Деспотовски, според членови со кои разговаравме, најверојано поради здравствени причини и веќе закажани обврски, а за четвртиот кандидат Славјанка Петровска не чуле образложение за отсуството. 

Членови велат дека претходно на средба со битолското членство биле дојдени само Филипче и Деспотовски, Бајдевски се појави вечерва, Петровска воопшто не дошла за Битола, во изминатиот период, па оттаму се прашуваат како очекува, единствената дама од кандидатите,  да обезбеди поддршка од битолски социјалдемократи на претстојните избори? 

Според наши соговорници, битолското членство е претежно  наклонето на двајца од четворицата кандидати, на Филипче и Деспотовски, но сепак велат дека се издвојува Филипче како кандидат кој ужива симпатии од поширок круг на членството, особено по неговите најави дека  функционирањето на партијата треба да се професионализира. Она што членовите од Битола ги заинтересирало од ветувањата на Филипче било најавата дека ако тој стане претседател, лидерите на општинските организации ќе се избираат на внатрепартиски избори, исто како што е постапката со претседател на партијата. 

Членови во разговор со Апла.мк велат дека во многу наврати досега се покажало дека „правото“ на партискиот лидер да бира раководство на општинските организации, вклучително и на ОО на СДСМ Битола, не им донело резултати на партијата на локално ниво, направени биле многу промошувања во кадрите кои ги носеле клучните функции  претседател и секретар на ОО на СДСМ Битола. Издвојуваат, само во еден до два случаи кога ОО на СДСМ Битола имала тим од претседател и секретар кој носел победа на локално ниво и видливи резултати. 

Што се однесува до кандидатот Деспотовски социјалдемократи  велат дека е охрабрувачка неговата идеја за професионализација на партиските тела како и градење на капацитети за да дејствува и „Влада во сенка”. 

Бајдевски иако е непознат за пошироката јавност, сепак тој е познат за членството на СДСМ. Социјадемократ кој според членови од Битола ги почитува и промовира социјалдемократските вредности и политики.  

 

 

Можно е да е слика од 3 луѓе

Можно е да е слика од еден или повеќемина, толпа и текст

Можно е да е слика од 10 луѓе

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани