2win800x200

Која била убавата битолчанка „Госпоѓа Марија“ за која Калица напиша серенада

Јуни 28, 2024

 Композицијата под наслов „Госпоѓа Марија“ по текст и музика на нашиот Петар Георгиев Калица годинава ќе биде испеана на најновото издание на фестивалот „Ех таа серенада“ што на 11 јули ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола во организација на КИЦ-Битола.

Калица за Апла.мк вели дека темата на песната е поврзана со вистинска личност, и во вистинска смисла на зборот госпоѓа од Битола која поради својата убавина своевремено го привлекувала вниманието на целата Битолска чаршија. За нејзината привлечност како жена се раскажувало низ чаршијата, не само поради нејзината убавина и атрактивната гардероба специфична  за тоа време, туку и поради тоа што за убавата битолчанка биле плетени низа љубовни приказни кои со посебен жар биле раскажувани низ чаршијата на конзулска Битола. 

Вистинското име на убавата битолчанка не се открива во песната, од разбирливи причини, но како што вели авторот Калица, животот на оваа убава жена останал во меморијата на повозрасните битолчани, во раскажувањата, размислувањата па и предрасудите за нејзниот живот. 

„Колку си слатка госпоѓа Марија,

ум си нема цела Чаршија,

а јас од мерак само сонувам. 

Колку си слатка госпоѓа Марија...„

Авторот Петар Георгиев Калица најавува дека негов предлог за изведба на композицијата ќе биде пејачот Игор Илиевски, но сепак ја чека одлуката на организаторот на фестивалот околу изборот на изведувачите. 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани