АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Кажи, кажи Широк Сокак“ е серенадата која ја направија Никола В. Ристевси и Михајло Мими Марковски за најновото издание на фестивалот „Ех таа серенада“ кој ќе се одржи на 11 јули во Офицерскиот дом во Битола во организација на КИЦ- Битола.
Текстот го напиша Никола, додека музиката и аранжаманот се на Мими. Серенадата ќе ја изведе познатата битолската група „Деспина“.
Мими за Апла.мк вели дека оваа композиција е направена со многу „јака“ приказна за што сега несакаат со Никола да откриваат детали, но едно е јасно дека серенедата „е инспирирана од вистинска битолска љубовна приказна. Во која се надеваме ќе се пронајдат сите заљубени.“, вели Мими и најавува дека по многу нешта композицијата ќе биде изненадување за битолската публика.
-Се создаде во една вечер цела песна. И е баш староградска балада, раскажува Мими Марковски автор на музиката.
А.Блажевска