АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сашо Мирчески ја доби довербата од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да биде на чело на СВР Битола во наредните 4 години. Од вчера со решение од Тошковски, Сашо Мирчевски се враќа за прв човек на СВР Битола. Мирчески раководеше со секторот за време на техничката влада, три месеци почнувајќи од февруари годинава.
Сашо Мирчески има 49 години, роден е и живее во Битола, каде завршил основно и средно образование, а дипломирал “криминалистика“ на Факултетот за Безбедност во Скопје. Во МВР е вработен пред 25 години при што работел на работните места: полицаец, советник за полициска обука, главен инспектор за сообраќај во СВР Битола, бил припадник на “посебна единица“ на полиција, каде напредувал од полицаец до командир на чета. Последните пет години работел како главен инспектор во Одделот за криминалистичко – разузнавачка анализа.