2win800x200

Марјан Танушевски по само еден месец разрешен од директор на КИЦ на Македонија во Белград

Јули 05, 2024

Владата на денешната седница назначи нов директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, дипломатот Васко Шутаров.

Пред само еден месец на оваа функција во Белград замина познатиот новинар од Битола д-р Марјан Танушевски, како прв избран директор на македонскиот Културно информативен центар во Белград, Република Србија а прием и успешна работа му посака нашиот амбсадор во Република Србија, Н.Е Никола Тупанчески. 

Владата денес објави дека Шутаров е нов директор на КИЦ на Р.С.Македонија во Белград. Испративме прашање до прес службата на Владата да појасни - дали именувањето на нов директор на КИЦ на Македонија во Белград, значи дека Марјан Танушевски е разрешен од функцијата, иако ја презеде пред еден месец. И која  е причината за тоа? А побараме став и од Танушевски. Штом добиеме одговори ќе ги објавиме. 

-Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, Република Србија. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги, објави Владата по денешната седница. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани