2win800x200

Клиничката болница Битола доби нови медицински апарати

Септември 13, 2024
фото zоом.мк фото zоом.мк

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола промовираше нови медицински апарати со кои се модернизираат условите за третман на пациентите во јавните здравствени установи.

На прес – конференција што се одржа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот Таравари истакна дека станува збор за апарат што помага во ендоскопско и лапароскопско третирање на пациентите, како и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти.

– Медицинските апарати се најсовремени и интензивно ќе бидат користени во Клиничка болница-Битола. Но, ние ќе продолжиме со други инвестиции затоа што битолската Клиничка ни е посебно важна како министерство и значајна за јавното здравство во нашата држава – истакна министерот Таравари, објави nezavisen.mk

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани