2win800x200

Битолските „Боеми“ со песна ја кренаа Словенија на нозе!

Ноември 10, 2024

Викендов битолската музичка група „Боеми“ со песна и оро ја крена Словенија на нозе на гостувањето, на покана на нашите иселеници. „Боеми“  гостуваа во Мурска Собота и Марибор. Македонците кои живеат во Словенија и Австрија претежно битолчани поминаа незаборавен викенд што може да се види и од видеото кое го постираше нашиот амбасадор во Љубљана.

Боеми

столе

сто

Гостин во Марибор бил и нашиот истакнат културен работник и ветеран на КУД „Илинден“ Битола, Валентин Соклевски кој мекам водеше оро и ја вжешти атмосферата во Марибор.

 

групна Вале

 Вале е

Во Мурска Собота на македонскара вечер присуствувале и министерот за регионален развој на Словенија Александер Јевшек како и нашиот министер за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот, македонскиот амбасадор и почесниот конзул во Словенија. 

 

Васето

Тони и Васето Тосковски поранешните сопственици на ресторан „Грне“ на плоштадот „Магнолија“  допатувале  од Виена да присуствуваат на забавата. Тие велат  дека дружењето со нашинците е непроценливо, а особено забавата со „Боеми“ и затоа не сакале да го пропуштат овој настан. Тие денес живеат во Виена и водат успешен бизнис од угостителството. 

игра

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани