АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Александра Даскалова од Битола слави 20 години професионална работа како козметичар. Со работа започна токму на денешен ден - 8 ноември во 2004 година и денеска е сопственик на салонот за убавина и лична нега BE BEAUTY BY ALEKSANDRA во Битола. Посетете го салонот и уверете се во квалитетот и професионалноста на тимот на BE BEAUTY BY ALEKSANDRA.
Што беше мотивацијата да се занимавате со козметичарски занает?
-Убавината е најпрестижниот аксесоар кој една жена може да го има. Тоа е дар од природата.
Убавината не се гледа само на лицето, понекогаш се појавува и во сјајот на очите.
Што беше пресудно да се одлучите за самостоен занаетчија?
Амбицијата и трудот се клучот кој ја отвара секоја врата на успехот. Да се има амбиција значи да се создава, а да се има труд значи да се постигне, па така доаѓам oд идеа до реализација да создавам и градам нешто свое, односно го отворам салонот за убавина Be Beauty by Aleksandra.
Дали е предност да се биде сам свој газда?
Апсолутно. Вложувањето во нешто свое дава поинаков резултат и луѓето тоа го чувствуваат. Можам да работам релаксирано и креативно, но и без никакви пречки бидејки моите идеи се ценети и спроведени.
Што значи разубавување на лице и тело, она што е во суштина ваша работа?
Разубавувањето на лицето и телото значи грижа за самиот себеси, грижа за нашето духовно и ментално здравје, бидејќи само тогаш кога ќе направиме нешто за себе се чувствуваме удобно во наша кожа, но и зрачиме со поинаква светлина и позитивна енергија .
Има ли критериуми за тоа која е негувана жена?
Првенствено негувана жена е онаа од која зрачи насмевка, позитивна енергија, онаа која и покрај сите обврски ќе помисли на себе, на својот изглед. Негувана жена секогаш има моќна самодоверба.
Кои услуги ги бараат клиентите најчесто од вас?
Третманите за лице и тело во моментот се најактуелни поради релаксацијата за време на процесот и резултатот кој го добиваме. Но, секако да не ги изоставиме и депилациите.
На која возраст е вашата најмлада клиентка, а на која највозрасната?
Најмладата клиентка е на 12 години, каде што почнуваат со првите депилации, но со гордост можам да кажам дека во билтенот на мојата 20 годишна кариера сум имала клиентка која имала 99 години, сега веќе 100 години. Со ова можете да заклучите дека возраста не треба да биде ограничување за нега на лицето и телото.
Колку битолчанки се негувани во кожата?
Битолчанки важат за едни од најубавите и најнегувани жени, тоа од секогаш било и ќе остане. Тие имаат природно убави црти на нивното тело кои и самите се свесни дека треба да ги негуваат, поради тоа можеме да забележиме дека се многу младолики.
Дали и мажите бараат козметички услуги и што најчесто?
Секако дека да. Ова е 21 век и нема толку предрасуди кога станува збор за негување на мажите. Тие сакаат да изгледаат исто негувано и убаво како и жените, посебно кога станува збор за тинејџерите кои имаат проблематична кожа. Најголемиот фокус е кон третманите за лице.
Која е "формулата" да се биде препознатлив?
Самиот фокус на квалитетната работа не прави препознатливи. Иновативноста треба да му биде на ум на секој лидер во периодот кој следи. "Формулата" е инвестиција во својата кожа бидејќи таа ќе не претставува долго време.
Што ќе им препорачате на девојките кои имаат проблеми со кожа, како да се подобри состојбата?
Кога станува збор за проблематична кожа еден од клучните фактори за да се подобри е дисциплината, континуитетот и трпеливоста. Да се биде дисциплиниран значи да се почитуваат препораките кои следат, да се работи континуирано на проблематиката и трпеливо да се чека резултатот. Препорачливо е избегнување на козметика со парабени парфеми и консумирање на нездрава храна, посебно кај тинејџерите кога нивното тело е изложено на константни промени и процеси.
Какава козметика треба да одбегнуваат девојките, а каква возрасните жени?
Без разлика на тоа дали се работи за млади девојки, возрасни жени или мажи секогаш треба да се бира козметика која што е соодветна за нивниот тип на кожа , а тоа се достигнува само со препорака од стручно лице.