2win800x200

Александра Даскалова слави 20 години професионална работа како козметичар

Ноември 08, 2024

Александра Даскалова од Битола слави 20 години професионална работа како козметичар. Со работа започна токму на денешен ден 8 ноември во 2004 година и денеска е сопственик на салонот за убавина и лична нега BE BEAUTY BY ALEKSANDRA во Битола. Посетете го салонот и уверете се во квалитетот и професионалноста на тимот на BE BEAUTY BY ALEKSANDRA.

IMG 12e14ab3bb7b80f52f7b852a6adaad88 V

Што беше мотивацијата да се занимавате со козметичарски занает?

-Убавината е најпрестижниот аксесоар кој една жена може да го има. Тоа е дар од природата.

Убавината не се гледа само на лицето, понекогаш се појавува и во сјајот на очите.

Што беше пресудно да се одлучите за самостоен занаетчија?

Амбицијата и трудот се клучот кој ја отвара секоја врата на успехот. Да се има амбиција значи да се создава, а да се има труд значи да се постигне, па така доаѓам oд идеа до реализација да создавам и градам нешто свое, односно го отворам салонот за убавина Be Beauty by Aleksandra.

 Дали е предност да се биде сам свој газда?

Апсолутно. Вложувањето во нешто свое дава поинаков резултат и луѓето тоа го чувствуваат. Можам да работам релаксирано и креативно, но и без никакви пречки бидејки моите идеи се ценети и спроведени.

IMG 5d717f4a9d1c94a9b8174b0b205ac072 V

 

Што значи разубавување на лице и тело, она што е во суштина ваша  работа?

Разубавувањето на лицето и телото значи грижа за самиот себеси, грижа за нашето духовно и ментално здравје, бидејќи само тогаш кога ќе направиме нешто за себе се чувствуваме удобно во наша кожа, но и зрачиме со поинаква светлина и позитивна енергија .

Има ли критериуми за тоа која е негувана жена?

Првенствено негувана жена е онаа од која зрачи насмевка, позитивна енергија, онаа која и покрај сите обврски ќе помисли на себе, на својот изглед. Негувана жена секогаш има  моќна самодоверба.

Кои услуги ги бараат клиентите најчесто од вас?

Третманите за лице и тело во моментот се најактуелни поради релаксацијата за време на процесот и  резултатот кој го добиваме.  Но, секако да не ги изоставиме и депилациите.

IMG 886d95a0dd66c25040f3bac7c0219ed5 V

 

На која возраст е вашата најмлада клиентка, а на која највозрасната?

Најмладата клиентка е на 12 години, каде што почнуваат со првите депилации, но со гордост можам да кажам дека во билтенот на мојата 20 годишна кариера сум имала клиентка која имала 99 години, сега веќе 100 години. Со ова можете да заклучите дека возраста не треба да биде ограничување за нега на лицето и телото.

Колку битолчанки се негувани во кожата?

Битолчанки важат за едни од најубавите и  најнегувани жени, тоа од секогаш било и ќе остане. Тие имаат природно убави црти на  нивното тело кои и самите се свесни дека треба да ги негуваат, поради тоа можеме да забележиме дека се многу младолики.

Дали и мажите бараат козметички услуги и што најчесто?

Секако дека да. Ова е 21 век и нема толку предрасуди кога станува збор за негување на мажите. Тие сакаат да изгледаат исто негувано и убаво како и жените, посебно кога станува збор за тинејџерите кои имаат проблематична кожа. Најголемиот фокус е кон третманите за лице.

IMG 756291a32d29fb92419a0838ddb61f29 V

 

Која е "формулата" да се биде препознатлив?

Самиот фокус на квалитетната работа не прави препознатливи. Иновативноста треба да му биде на ум на секој лидер во периодот кој следи. "Формулата" е инвестиција во својата кожа бидејќи таа ќе не претставува долго време.

Што ќе им препорачате на девојките кои имаат проблеми со кожа, како да се подобри состојбата?

Кога станува збор за проблематична кожа еден од клучните фактори за да се подобри е дисциплината, континуитетот и трпеливоста. Да се биде дисциплиниран значи да се почитуваат препораките кои следат, да се работи континуирано на проблематиката и трпеливо да се чека резултатот. Препорачливо е избегнување на козметика со парабени парфеми и консумирање на нездрава храна, посебно кај тинејџерите кога нивното тело е изложено на константни промени и процеси.

Какава козметика треба да одбегнуваат девојките, а каква возрасните жени?

Без разлика на тоа дали се работи за млади девојки, возрасни жени или мажи секогаш треба да се бира козметика која што е соодветна за нивниот тип на кожа , а тоа се достигнува само со препорака од стручно лице.

IMG c329bec2e4c9d90c721f8fd71554e555 V

IMG 12e14ab3bb7b80f52f7b852a6adaad88 V

IMG 0e6e5a1e4084effb804fd80cada2b6d7 V

IMG f63f93b0cdcfb06b26019aca43ded615 V

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани