2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Патот за „Молика“ е исчистен благодарание на фирмата „Боб Кет ДООЕЛ“ на битолчанецот Златко Свидерски

Декември 02, 2024

Патот за хотелот „Молика“ на Пелистер е исчистен од снежните наноси и прооден за возила благодарение на фирмата „Боб Кет ДООЕЛ“ чии сопственик е битолчанецот Златко Свидерски.

Според Горан Исков директор на хотелот ЕСМ „Молика“, фирмата „Боб Кет ДООЕЛ“ се вклучи во расчистувањето на патот без паричен надомест, како општествено одговорна компанија. Откако „Македонија пат“ по неколкуте обиди не успеа да го пробие патот по големите врнежи од снег и снежна покривка од над еден метар, директорот Исков побарал помош од приватниот стопанственик Свидерски кој располага со соодветна механизација. Со вклучување на механизацијата на терен патот кон хотелот беше расчистен уште синоќа пред 23 часот, наведува Исков. 

Исков се заблагодарува на Свидерски за ангажманот и несебичната помош во оваа вонредна состојба за хотелот „Молика“ каде имаше гости за викендот. Дел од нив сега заминаа, а дел останаа за да уживаат во снежните убавини на Пелистер.  

IMG 0335a98aaca5264cffb3dc2ef548ea0f V

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани