2win800x200

Започна кампања за поддршка на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост во Битола насловена „#ВЕРОзаТЕБЕ“

Јануари 03, 2025

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола. По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

„Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош – таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите,“ – изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.

472135708 122166246836272128 4770498259843620117 n

Директорот на ВЕРО, Петар Денковски, додаде: „Во ВЕРО веруваме дека нашата одговорност оди чекор понапред од само обезбедување производи. Кампањата ‘Поддршка за згрижувачките семејства’ ја покажува нашата посветеност на заедниците. Денес не подаруваме само подароци – носиме порака на надеж и солидарност со секое згрижувачко семејство и секој центар за лица со попреченост.“

Настанот во ВЕРО Битола ги обедини згрижувачките семејства, претставниците на центрите за лица со попреченост, децата и граѓаните, славејќи го духот на заедништвото и поддршката. Оваа иницијатива ја нагласи важноста на грижата за најранливите во општеството и е дел од пошироката мисија на ВЕРО за корпоративна одговорност, насочена кон поттикнување инклузија и солидарност.

Оваа иницијатива е повеќе од хуманитарен проект – тоа е порака на солидарност, надеж и посветеност кон сите кои се борат за подобра иднина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани