Овој празник не потсетува на важноста на заедништвото, љубовта и споделувањето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилни како заедница.
Бадник е момент на тивка подготовка за големиот ден што следува, празник на мирот и светлината, кои го осветлуваат патот во нашите животи.
Денес ја славиме традицијата, но и нашите семејни и духовни врски што ја одржуваат жива, искрата на празникот.
Нека топлината на празничниот дух ги исполни вашите домови, нека љубовта биде вашиот водич, а радоста да ви биде постојан придружник.
Денешната Бадникова поворката со неколку илјади учесници започна од плоштадот „Магнолија“, а продолжи до црквата "св. Великомаченик Димитриј" и потоа по Широк Сокак до платото на Офицерскиот дом.
Како дел од свечената програма свој настап имаа нашите учесници на детската Евровизија Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, детскиот црковен хор св. Стилијан со изведба на црковни псалми и неколку солисти кои за крај ја изведоа песната "Вечниот Бог". Свое обраќање пред присутните имаше и градоначалникот Тони Коњановски, кој рече: Нека ни е за многу години денешниот предвесник на Христовото раѓање Бадник, со љубов и радост во срцата, да го дочекаме утрешниот ден, денот на Христовото раѓање, Божиќ. Да си подадеме рака на доверба, почит и љубов. Во очи на Божиќ завршува овогодинешното издание на Зимската приказна која оваа година го исполни градот со многу среќа, радост и детски насмевки изминатите 18 дена. Празниците живеат во Битола".
На крајот Општина Битола подели над 1000 празнични пакетчиња на дечињата кои беа дел од бадниковата поворка.
Честит Бадник

да го очекуваме утрешниот голем ден.