2win800x200

Во Битола в недела ќе се одржи шаховскиот турнир „Штајниц 2025“

Јануари 24, 2025

На големо задоволство на сите вљубеници во шахот, в недела во Битола ќе се одржи еднодневниот меѓународен турнир „Штајниц-2025“ во организација на истоимениот шаховски клуб, основан пред три години. Турнирот ќе се одржи од 10 до 16 часот. Учеството е 500 денари, а пријавувањето е најдоцна до денес, 24 јануари на телефонскиот број 072 932 - 136. 

- Шаховскиот клуб „Штајниц“ Битола организира шаховски турнир на ден 26 јануари (недела) 2025 година, во хотел „Милениум“ Битола со почеток во 10 часот. Турнирот ќе се игра 9 кола, Швајцарски систем, темпо на играње 10 минути. Обезбедени се награди за најдобро пласираните шахисти. 

Ги покануваме сите вљубеници во шаховската игра да учествуваат на овој шаховски настан, повикуваат организаторите од  „Штајниц-2025“ .  

 

stajnc

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани