
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
М-р Емилија Стефановска Давкова , докторанд по меѓународно право на Правен факултет “Јустинијан I “ во Скопје е избрана за директор на НУУБ “Св. Климент Охридски” во Битола со Решение на Министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на Националната Установа -Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола одлучи дека кандидатката поседува стручни и професионални квалификации за извршување на оваа функција, а нејзината програма за работа и развој на оваа институција ја оцени како позитивна, со високо развојна компонента за периодот од 2025-2029 година .
После извесен период во кој институцијата беше со вршител на должност и внатрешни недоразбирања во колективот, новата директорка ќе има сериозен предизвик да ја подобри атмосферата за работа и да го подигне рејтингот на Градската библиотека во Битола.