2win800x200

Ненадејно почина примариус д-р Ели Димитровска, познат инфектолог од Битолската болница

Февруари 25, 2025

Ненадејно почина примариус доктор Ели Димитровска, познат инфектолог во Битолската клиничка болница во пензија, која целиот работен век го посвети на пациентите од Битола. 

После 37 години работен стаж д-р Димитровска во 2019 - 2020 беше вклучена во КОВИД центарот во Битолската болница, вложувајќи големи напори како стручен кадар да се справи со  предизвиците кои ги донесе новото време. 

Примариус доктор Ели Димитровска, работеше во тимовите за сузбивање на бруцелоза, тифус, паратифус, заразна жолтица, хепатит А. Лекувала млади пациенти кои не биле вакцинирани, па заболеле од голема кашлица и други болести. Доктор Ели Димитровска апелираше до младите доктори да ја прифаќаат инфектологијата велејќи дека таа носи големи предизвици, а уште поголемо е задоволството кога пациентите ќе се излекуваат. 

Погребот на д-р Димитровска ќе се изврши утре на Буковските гробишта во 14 часот, претходно нејзиното тело ќе биде изложено во капелата во Св Димитрија.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани