
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, библиотеката подготви низа настани кои ќе ја одбележат долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на нашата Библиотека во зачувувањето и промовирањето на знаењето информира м-р Емилија Стефановска-Давкова, директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола.
.
Ве информираме за следните активности:
25 март (вторник)
Панел-дискусија на тема:
„Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации“
Локација: Офицерски дом – Europe House Bitola
Почеток: 12:00 часот
26 март (среда)
Доделување на награди во просториите на Библиотеката, во 12:00 часот, како признание за:
Промоција на книгата:
„Епски ехо: Поезијата на меморијата на слободата“
Автор: Игор Трајковски – Фоја
Локација: Библиотека
Почеток: 18:00 часот
27 март (четврток)
Поетски настан:
„Стихови што обединуваат“, посветен на Светскиот ден на поезијата
Локација: Читална „Горан Стефановски“
Почеток: 18:00 часот
(Во соработка со Македонското научно друштво)
Промоција на книгата:
„Факсимили на роднокрајни автори“ – членови на ДПМ
и претставување на каталогот посветен на Горан Стефановски, во Читална „Горан Стефановски“
28 март (петок)
Свечена академија по повод јубилејот
Локација: Офицерски дом
Почеток: 19:00 часот