2win800x200

Над Љубојно се сечи шумата, жителите масовно на протест

Август 12, 2025

Над село Љубојно се сечи шумата, жителите масовно излегоа на протест 

 
 
Над ресенското село Љубојно во реонот на Долна Преспа масовно се сечи коријата, револтирани се жителите и бараат итен инспекциски надзор. Сечата на бука, смреќи и други видови на дрвја денеска ги извади на масовен протест жителите на ова преспанско село, особено загрижени што се ништи коријата над резервоарот за вода, позицијата на која во минатато имало лизгање на земјиштето, големи парчиња карпи се тркалале по ридот по поројни дождови, па благодарение на шумата била спречена оваа појава. Сега жителите велат дека камиони натоварени со дрва секој ден се носат низ селото. Тие не се сомневаат дека субјектот што сечи нема дозвола, тука бараат итно да се стопира планот за сеча на шумата
„Излеговме масовно на протест и жителите на селото Љубојно и оние гости кои летово се во селото, оти се случува голема сеча на шумата со амин на државни институции. Ние не велиме дека ова е дива сеча на шумата туку како  надлежното шумско претпријатие дало амин да се сечи еден поголем дел од дрвјата на источниот дел на селото и да се унишува шумата на Баба Планина. Ова е класичен масакр на дрвја на површина од над 10 илјади метри квадратни“, изјави за АПЛА, Слободан Рајчевски, со имот во Љубојно.
Според Рајчевски голем е револтот кај мештаните дотолку повеќе што  реонот каде се сечи коријата е вакафско место или света шума оти се сечи над црквата „Свети Атанасиј“ која се наоѓа на 1 километар источно од селото и атарот на манастирската црква „Свети Петар и Павле“ која се наоѓа на 1,5 километри исто така источно од селото. Жителите бараат од надлежните институции под итно да се стопира сечата. 
„Се сечат дрва од црковно место, многу значајно за нас жителите, голем е потегот каде се уништува планината, целиот тој источен дел од Љубојно до Брајчино. Бараме од надлежните под итно се преиспита што шума се сече и кои ќе бидат последиците од тоа“, вели Рајчевски. 1000004172
Љубанци се организираат да чуваат стража и со барикади да не дозволат камионите да влезат во селото и да се упатат до локацијата на сечата, а нема веќе да пропуштаа ни камиони натоварени со дрва да излезат од селото. рајчевски вели дека денес побарале претставници од шумското претпријатие да дојде на средба со жителите, но иако било ветено никој не се сретнал со нив. 
 
Текст Анета Блажевска  - фото Слободан Рајчевски 1000004167 1000004170 1000004173 1000004169 1000004173 1000004174
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани