2win800x200

Стих од „Битола мој роден крај“ испишан на гробот на Ајри Демировски во Измир, наскоро негова спомен биста во Битола

Ноември 15, 2018

Стих од најпознатата песна „Битола мој роден крај“ испишан е на надгробната спомен плоча на познатиот битолски песнопоец Ајри Демиовски во Измир, Турција. Надгробниот споменик е во вид на нотна тетратка, а на него се испишани ноти од познатат песна што Ајри на живот ја напишал за својот роден крај.

Тој бил роден во Битола 1927 година, а за родниот крај ги испеа и најубавите песни што се пеат до денес. Меѓу нив покрај „Битола мој роден крај“, исто така и „Мариче ле лично девојче“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Таму мајко ле близу Битола“ и други. Демировски своето музичко творештво го имаше посветено на Битола, иако се пресели во Турција и таму помина голем дел од својот живот.

Почина пред девет години, а „Битолски весник“ заедно со почитувачи на делото на Демировски од Истанбул и Измир покренуваат иницијатива за поставување на спомен биста на овој вонреден музички талент од Битола, во паркот во центарот на градот. Идејата е спомен бистата да се постави крај дрвото што при последните посети на Битола го засади Ајри Демировски, во непосредна близина на Градскиот часовник кој исто така го означува времето во ритамот на неговата песна „Битола мој роден крај“.

„Битолски весник“ на Демировски, му ја додели наградата за најуспешен битолчанец во областа на музиката, ја востанови наградата „Ајри Демировски“ во негова чест , а со поддршка на локалната самоуправа го помагаше и неговото лекување.

Откако Демировски почина, „Битолски весник“ и Општина Битола му го направија и гробот во Измир. Покрај ова снимен е и документарен филм за него, книга и сите негови песни се поставени на ЦД. Пред смртта на касети испеал 30 песни на кои можел да се сети, а потоа тие биле подарени на Општина Битола.

Покрај спомен бистата, во иднина се размилува и за отворање спомен соба на Демировски во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани