2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дочек на Новата 2019 на плоштадот Магнолија во Битола (фотогалерија)

Јануари 01, 2019

 Голем број битолчани ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот Магнолија во Битола. Точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година,  по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која беше меѓу своите сограѓани на Магнолија. 

„Нека 2019 биде година во која здравјето нема да Ве оптоварува, година во која Вашите желби ќе станат реалност, година во која Вашите лица ќе ги греат насмевки, 2019 нека е година во која ќе се исполнат Вашите копнежи и ќе отворат простор за нови“, им посака Петровска на своите сограѓани.

Дел од програмата беше  и перформансот „Кафана на Широк Сокак“, односно групата Боеми, заедно со актерките Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илиевски, Соња Ошавкова и Маријан Ѓорѓиевски, кои пееја и читаа интересни факти за Битола и битолчани низ времето. Новогодишнат атмосфера,  беше надополнета и со варено вино, кое се служеше на поставените штандови.

Претходно, на Плоштадот Магнолија, во богатата музичка програма која започна во 20 часот, настапија ди-џеј Христијан Ѓаковски, Сефедин Бајрамов и Силви Бенд.

 

 

 

DSC 3629

DSC 3551

DSC 3615

DSC 3476 1

DSC 3429 1

DSC 3480

 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани