АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Група планинари и рекреативци ноќеска два часа по полноќ тргнаа на пат за Антена во тешки временски услови за рано утрово да го испијат првото новогодишно кафе или чај во планинарскиот Дом. Ваквата новогодишна авантура планинарите ја практикуваат седум години по ред.
Екипата составена од Влатко Крбалевски, Менде Давитковски, Петар Нолев-Пепо, Игор Радичовски, Зоран Балуловски-Зрла, Елена Давитковска и Иванчо Тошевски поминаа тежок пат со силен ветер од 60 -70 километри на час. Ако на 1200 метри надморска височина снегот беше 5 сантиметри, на 2601 метар е 50 сантиметри велат планинарите, и додаваат дека задоволството е големо да се ужива во нашиот Пелистер.