2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Издупен стиропорот од киното „Манаки“

Октомври 21, 2017

Непознато лице со тврд предмет ги издупил столбовите од стиропор на новоизграденото кино „Манаки“ на Широк Сокак. Со ова повторно на виделина излезе вистината за градбата на киното, односно дека украсните орнаменти на фасадата не беа изградени од цврст градежен материјал, туку од стиропор.

 

Поранешната локална власт додека го најавуваше  проектот за изградба на киното и додека тоа се градеше во изминатите четири години, не спомна дека фасадата ќе содржи делови од стиропор, слично како некои објекти од прокетот „Скопје 2014“. За ова се дозна пролетва кога под дејство на атмосферските влијанија се изронија украсните орнаменти. Екс градоначалник Владимир Талески неколку месеци пред избори го поправи изронетиот дел од фасадата, но сега пак некој го оштетил стиропорот. Тоа е пред се изолациски материјал, но во последно време се користи за надворешно украсување на фасадите зашто е поевтин од другите тврди градежни материјали.   

Изградбата на киното започна во 2013 година и се градеше според зачувани фотографии на киното „Балкан“ на браќата Манаки кое работело во 1923 до 1939 година на Широк Сокак. Прикачените орнаменти на цврстата градба требаше на киното да му дадат  автентичен лик како стариот објект. Целата инвестиција се проценува дека чинеше 700.000 евра, а изградбата се издолжи иако Талески најави дека ќе биде готово до крајот на неговиот мандат. Тој деновиве заминува од градоначалничкиот кабинет, а киното остана внатре недоопремено иако пред секои избори претходната власт ветуваше дека ќе снабди најсовремена кино опрема..  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани