АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екс градоначалникот, Владимир Талески, во петокот се збогувал со вработените во Општина Битола . Откако новата градоначалничка Наташа Петровска го доби уверението за градоначалник од ОИК,
Талески во 13 часот свикал „ збогување“ во големата сала во зградата на општината. Според соговорниците на апла.мк, вработени во општинската администрација, најголем дел од вработените воопшто не отишле да си пуштата рака за збогум со Талески, а оние кои биле присутни му врачиле уметничка слика со мотиви од Широк Сокак, која на задната страна за спомен била потпишана од дел од вработените во општината. Талески откако ги пофалил дека вработените се заслужни за успехот на досегашната локална власт , продолжил со политички говор дека „народот“ не требало да гласа за „овие“од СДСМ , зошто допрва ќе видел што тоа ќе значи за него. Талески неколку пати повторувал дека во Македонија „настапува темница “ со СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ , партијата на Талески на локалните избори доживеа дебакл по бројот на освоени гласови со кандидатот за градоначалник , Зоран Илиоски, и освои 11 советнички места..