2win800x200

И скопјани скијат во Нижеполе (фотогалерија)

Јануари 06, 2019

И на Бадник е топ во Ски центaрот Нижеполе. Ски патеката и околните терени се полни со скијачи и други љубители на белите спортови и планината. Меѓу гостите има дечиња од неколку години кои за првпат застануваат на скии, до повозрасни гости кои искусно скијаат. На паркингот има и возила со скопски регистрации што укажува на тоа дека и скопјани скијат на Пелистер. Оние посетители кои не знаат да управуваат со скии, уживаат санкајќи се.

 „Службите цела ноќ работеа на патеката. Таа е корегирана по ноќното скијање и подготвена ги дочека денешните скијачи. Двата лифта се во функција, на долниот лифт се понеискусни скиори, а на горниот поискусните. Среден е и делот каде што се санкаат децата.Стрежево без оглед дека се празници ќе работи и ќе излезе во пресрет на љубителите на белите спортови. И ќе работиме и ќе бидеме во функција за празниците“, вели Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со Ски центарот Ниже поле.

Ноќното скијање продолжува вечер и утревечер на задоволство на битолчани и туристите дојдени од околните градови, па дури и од Скопје.49237451 284528685580363 5233973723886780416 n

49343502 303690853612285 2850071092817559552 n

49351342 522844351560544 7117558118610894848 n

49479690 2047521925329340 1709930401566294016 n

49612743 279065592711338 6364693211100741632 n

49617453 308893259753372 7396058126094434304 n

49716288 317036288908156 4065322348234932224 n

49741322 302355663747572 8422973820041691136 n

49556706 224969168434356 3748303819910414336 n

49763000 213756339563150 6110262638430650368 n

49781688 922487717948537 5456980344429346816 n

49805526 1085205458318965 6726887910546604032 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани