2win800x200

Кочан Коледе во Битола

Јануари 05, 2019

И на минус 16 степени Целзиусови и загаден воздух од 172 микро грами на метар кубен измерени во 22 часот од мерната станица во центарот на градот, битолчани останаа верни на традицијата и ги запалија коледарските огнови. Овој адет во Битола е стар со децении и ниедна година нема отстапување без разлика на студот. Роднини, пријатели, соседи се собраа околу огништата и ја минуваат ноќта во дружба.

Некои мрсат, иако според верскиот календар истиот ден е Свети Наум и се пости. Има и такви кои постат, па крај огнот мезат посни сармички, тавче гравче и друга немрсна храна. И покрај апелите години наназад од страна на свештениците дека коледарските огнови се пагански, Коледе не се пропушта. Обичајот ги зближува луѓето, посебно во денешните времиња кога модерниот начин на живеење се повеќе ги оддалечува.

Инаку, статистиките покажуваат дека и на 30 степени под нулата битолчани го чекале Коледе. Во 1967 година Битола го преживеала најстудениот јануари, кога ниските температури под нулата се задржале цел месец, поточно 31 ден. На зимата од 1967 година наликуваше онаа од 2017 година кога цел јануари скоро и да немаше денови без температурата под нулата. Температурата најниско паднала во 1979 година кога биле измерени -28 степени и во 2005 година со триесет степени под нулата, а снег најмногу наврнал во 1983 година, дури 84 сантиметри.

50084475 751350325222483 7745128208642605056 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани