2win800x200

ПЕЛИСТЕР ѝ ГИ ЗЕДЕ МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ НА ГРЧКА ВИГЛА

Јануари 05, 2019

Овој викенд ски центарот Вигла во Леринско, Грција, остана без македонски скијачи. Љубителите на зимските спортови од југозападниот дел на земјава, кои беа редовни гости таму зашто на нашите ски терени немаше снег, овој пат останаа да скијат на Пелистер. Снегот кој наврна деновиве создавајќи снежна покривка од педесет сантиметри, подготвеноста на ски центрите во Нижеполе и Копанки, како и трипати поевтиниот дневен билет од оној во Грција, ги вратија туристите дома.

 

„Не привлече ноќното скијање на Нижеполе. Воедно и цените се многу прикладни. Дневен билет тука е 300 денари за возрасни, а за деца 200 денари, на Вигла пак, билетот е 15 евра. Ноќното скијање тука чини 200 денари што е багателна цена во однос на ноќните скијања на планините од грчка страна каде цените се до десет евра“, вели битолчанецот Симе Арсовски.

На Ски центарот Нижеполе денес има над илјада скијачи и љубители на зимските спортови и планината. Вчера со ноќно скијање тука и официјално беше отворена ски сезоната. Ноќното скијање продолжува викендов, за Божиќ, а и понатаму доколку послужат временските услови.

„Се помногубројни стануваат туристите, доаѓаат не само до Битола, туку и од Прилеп, Охрид, Ресен, а има и автомобили со скопски регистрации. Ги пречекавме со подготвени ски терени, ски лифтови, а можат да одморат и да се стоплат во чајџичницата каде планинскиот чај е по симболична цена. Сакаме дечиња да доаѓаат Нижеполе да скијат, да се санкаат, да дишат чист воздух и да пијат планински чај. Годинава целта ни е да го вратиме реномето на овој центар. Ако лани бевме вконцентрирани на водостопанската дејност и хидроцентралите, годинава вконцентрирани ќе бидеме во подобрувањето на условите и услугите на овој ски центар“, рече Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со ски центрот Нижеполе.49741322 302355663747572 8422973820041691136 n

Неколку стотици гости има и на ски патеката „Копанки“. „Македонија пат“ утрово го исчисти патот до хотелот Молика каде што се наоѓа и овој ски центар, но поради обилните врнежи снег, можат да искачат само возила со зимски гуми.

Битола за празниците доживува вистинска зимска идила. Во градот снежната покривка е над триесет сантиметри. Но, започнува и поларниот студ. Дневната температура е седум степени под нулата, а за празниците се очекува да биде и двојно пониска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани