АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, утре, среда, во 10 часот ќе влезе во Општина Битола и официјално ќе ја преземе функцијата градоначалник на Општина Битола. Од Општината известија дека е најавено доаѓањето на новата градоначалничка , но не откриваат дали досегашниот градоначалник Владимир Талески ќе го изврши примопредавањето на кабинетот или тоа ќе го стори т некој од вработените во општинската администрација.
Наташа Петровска е првата жена која ќе раководи со Општина Битола, и која успеа убедливо да победи уште во првиот круг на локалните избори. За Петровска гласаа 31 337 гласачи или 59,77 проценти од излезените избирачи, а за нејзиниот противкандидат Зоран Илиоски, речиси 14000 помалку гласачи, односно гласаа 17 715 гласачи или 33,79 проценти од избирачите.
Еден час подоцна во 11 часот за утре е закажана и првата конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Битола.
Валентин Груевски, носител на советничката чиста на СДСМ и коалицијата, која освои мнозинство советнички места ќе биде новиот претседател на Советот на Општина Битола. Избраните советници ќе положат заклетва, а најавено е присуството и на опозицијата иако не дојде во петкот да си ги земе уверенијата од ОИК..