АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако нема покрената иницијатива, повеќето битолчани се на ист ум- Василица да биде неработен ден.
Или барем оние кои вечерва го славеа празникот со друштва без разлика дали во кафана или по дома. И онака добар дел од нив денес ќе бидат отсутни на работните места, ќе задоцнат или ќе си заминат порано. Василица е ден во годината со најголем број отсуства на работните места. Ова е празник кој друштвата ги држи заедно во време кога се повеќе луѓето се отуѓуваат меѓу себе.
Василица е и семеен празник. Денес сите христијани битолчани ќе вртат мазник со паре. Во Битола Василица може да се каже дека се слави повеќе и од Нова година. Нема точна бројка, но се претпоставува дека вчера и денес битолчани ќе исукаат, свртат и изедат над 40 000 мазници.