АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жаклина Наумовска, член на општинскиот Совет во Битола од редовите на СДСМ, го најде парето во мазникот што за православниот празник Василица го вртеа заедно советниците од власта и опозицијата. Наумовска вели дека се израдува што токму таа е среќникот годинава.
-Се изненадив, но и многу се израдував. Мазникот го вртевме заедно сите советници. Посакувам оваа година да биде успешна за Советот и сите заедно да носиме одлуки во интерес на граѓаните на Општина Битола, на кои им ги честитам празниците, рече Наумовска
Традиција е во Битола да се чека Стара Нова година на 13 спроти 14 јануари, кога битолчани со друштва, дома или во кафеани вртат мазник со паричка, а пак на Василица овој обичај се практикува во кругот на семејството и на работните места. Речиси и да не постои установа и фирма, каде не се врти мазник. Нема точна бројка, но се претпоставува дека битолчани за Василица сукаат, вртат и јадат околу 40 илјади мазници.