АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Целата декемвриска плата и дел од остатокот од ноемврската плата попладнево им е исплатена на вработените во ЗК „Пелагонијата“, откако денеска излегоа на протест.
Работниците утрово на протест се пожалија дека работат по 12 до 14 часа на ден, а во февруари не им ја доисплатиле ни ноемвриската плата.
Тие излегоа со барање под итно да им се исплатат заостанатите примања за ноември и декември, што се случи само по неколку часа од протестот, иако работниците на газдите им дадоа рок до среда.
Работниците се пожалија дека три години немаат земено К-15, а не им даваат ни општествена исхрана.
Павле Цветановски, финансов директор најави по протестот дека на околу 500 работници денес ќе им се исплати дел од остатокот за ноемвриската и цела декемвриска плата. Но, сепак неисплатена ќе остане една третина од остатокот од ноемвриската плата.