АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За две недели се очекува да биде објавен тендер за реконструкција на електростатските филтри во РЕК Битола со што ќе се намали испуштањето на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките во воздухот, најави Радмила Шеќеринска, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на трибината во Битола кога од граѓаните беше запрашана што ќе се преземе за да се намали загадувањето.
„За околу две недели се очекува да излезе тендерот за набавка на филтрите. Обезбедени се пари. Некаде околу 20 милиони евра инвестиција ќе биде во подобра животна средина. Тоа нема да биде единствена инвестиција. Ние сме во трка со загадувањето зашто знаеме колку голема цена плаќа нашето здрвје за сметка на таквото производство. Очекуваме следната година да стартува руникот Живојно. ЕЛЕМ веќе се подготвува за таканаречената енергетска транзиција. Од целосна зависност од јаглен да се движи кон обновнили извори. Таа транзиција нема да биди лесна, нема да биди преку ноќ, но веќе очекуваме инсталирање на 20 мегавати соларна енергија во рамки на комплексот на РЕК и практично полека, но сигурно да транзитираме од чист јаглен во гас и обновливи извори“, рече Шеќеринска.
Таа уште додаде дека минатата година имале зголемно производство на електрична енергија од домашни извори, а годинава се очекува порастот да биде за 10 проценти што не е доволно, но покажува дека ја почнале таа нагорна линија.
„Оваа година во најголемиот дел од зимскиот период РЕК успеа да работата со сите три блока, само пред неколку дена имаше исклучување на еден од блоковите. Тоа влијае за зголемување на домашното производство“, додаде Шеќеринска.
На трибината „Фер општество-шанса за сите“ таа најави и дека во завршна фаза се преговорите меѓу двете Министерства за надворешни работи за отворање на граничниот премин Маркова нога.
„Фактот дека договорот од Преспа беше токму таму потпишан мислам дека ќе донесе голема поддршка за целиот регион и ќе значи отворена врата кон ЕУ за целиот овој регион за жителите, малите бизниси и тоа го гледаме како многу важен проект. Не слчучајно Европската Унија рече за таму ќе обезбедат дополнителни пари. Сакаат со дела и со пари да покажат дека политиката на добрососедства дава реузлтати. Да покажиме како со Бугарија , ете за шест месеци по потпишување договорот има 20 проценти заголемување на трговијата“, рече таа.
На трибината присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски кој додаде дека и Царината веќе работи за воспоставувањето на овој граничен премин да биде што побрзо.