2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Нора Мемедова, наградена меѓу најуспешните спортисти во Битола: „Заразена сум со вирусот на кошарката“

Март 06, 2019

За женската кошарка има иднина, но многу работи треба да се подобрат, вели младата талентирана битолска кошаркарка. 

 

Љубовта кон кошарката е како вирус од кој нема лек, вели 18 годишната Нора Мемедова која од Сојузот на спортови во Битола беше избрана меѓу најдобрите спортисти во градот за 2018 година. Веќе седум години кошарката е неразделив дел од нејзиниот живот.

Вели дека за целиот нејзин кошаркарски развој заслужен е Кошаркарскиот клуб „Петровски“ од Битола и трениерите Кире,Никола и Мартин. Воедно, играла и во дресовите на ЖКК „Пелистер“, две години настапувала за ЖКК „Струга“ и оваа година во КК „Пелистер“ АД. Досега освоила голем број награди на државно ниво, пехари од општински кошаркарски случувања, признанија како златен кошаркар на повеќе натпревари на кошаркарски кампови и голем број други успеси.

„Љубовта кон кошарката се појави многу брзо по моето запишување во КК ‘Петровски’, како вирус од кој што нема лек. Сѐ уште сум заразена од истиот вирус. Кошарката е многу интересна, интелигентна и содржајна игра токму за тоа и ја засакав и останав со неа до овој момент. Но, како созревам со возраста ја гледам и реалноста во женската кошарка, а таа е многу лоша “, вели младата Мемедова.

Додава дека женската кошарка има иднина, но многу работи треба да се подобрат.

„Немаме којзнае какви услови за тренирање, но тренерите во еден период додека имавме во КК ‘Петровски’ цела женска група даваа максимум за ние да напреднеме. Трениравме по пет пати неделно плус натпревар. Во последните две години чувствувам дека имам физички пад во формата, тоа се должи на лоши услови, тренирам претежно во мојот матичен клуб со машки, помали, поголеми лица, небитно само некако да тренирам, во мегу време и работам“, додава Нора.

Имала неколку повици да игра за државните селекции, но за жал, таму не фатила место како што вели, причините за да не заигра за репрезентација не биле кошаркарски.

„Признанието и наградата на манифестацијата Спортист на Битола ми е многу значаен момент, знам дека правам убава работа, и покрај сѐ сум среќна со кошарката. Јас би ги повикала помладите девојки да дојдат, не мора да се запишуваат, нека излезат на баскет нека се забавуваат, па дел од нив сигурна сум дека ќе ги фати мојот вирус. Спортувајте, играјте кошарка, ќе ве исполни со среќа и убави чувства“, порачува Мемедова.53238254 359337011332807 7214428876884148224 n

53769987 780429312334073 1915999333245779968 n

53172789 1268259373312761 1596367214242430976 n

53187996 835930706745051 8646910245169266688 n

53226724 405577673535983 1673774735508373504 n

53248408 307520563279564 161166964155219968 n

53262029 2351370335095189 733594342735740928 n

53323444 2486208268074187 8832345337914982400 n

53383241 532342053842223 8082038495746457600 n

53591925 2281551115455857 7290583130988085248 n

53735658 570448943456116 9097365508935647232 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани