2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ГУГЛ МАПС ЌЕ ЈА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНАТА ЗА БИТОЛСКИТЕ ЕВРЕИ

Март 07, 2019

Преку фотографии од места кои биле значајни за животот на битолските Евреи, поставени на гугл мапс, на интернет ќе се раскажува приказната за еврејското минато на Битола. На Факултетот за информатички и комункациски технологии експерти од Израел држат дводневен семинар за обука на битолчани да користат модерни технологии со кои ќе можат на гугл мапс да постават фотографии од места значајни за Евреите во Битола.

 

„Ги користиме можностите на смарт алатките и преку нив старата приказна на Битола ја претвораме во нејзино ново ткиво. Ќе почнеме со фотографии за Еврејските гробиштата и идејата е на гугл мапс да ги поставиме сите локции, места каде Евреите живееле или работеле. Така преку гугл мапс ќе може да се прошета низ еврејското минато на Битола. Понатаму, ќе се стават фотографии од 28 локации“, рече израелскиот амбасадор Дан Ориан.

Ова е само дел од низата настани со кои започнува одбележувањето на 76 годишнината од депортацијата на битолските Евреи. По тој повод во недела од Споменикот на депортацијата до Железничката станица ќе се одржи Маршот на животот, на кој ќе учсетвуваат видни гости од Израел. Воедно ќе се посетат и Еврејските гробишта каде ќе биде поставен сончевиот часовник што на Битола му го подарува Мати Грумберг, Евреин по потекло од Битола. 

Рахел Шели Леви Друмер, внуката на д-р Хаим Абраванел,по кого името го носи Здравствениот дом во Битола, веќе е дојдена во Битола и  најави дека на Маршот ќе присуствуваат потомци на многу поранешни битолски Евреи, како и професори од Израел. Воедно, еврејско семејство кое има битолско потекло, а е распрскано низ светот, планира во текот на годинава да допатува во Битола и тука да ја прослави куќаната слава.

„Нас, потомците на битолските Евреи, Битола ни е во срцето“, рече Леви Друмер.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани