2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Стартот на пролетта со нови садници во Битола (фотогалерија)

Март 21, 2019

Нови садници за Битола од општествено одговорни компании од градот.  

Акцијата „Дај свој придонес-засади дрво“ што минатата година ја иницираше компанијата „Интерворкс“ за засадување на 10 илјади садници на повеќе локации низ градот, продолжи и денеска со засадување дрвца во градскиот парк и на други јавни површини. Годинава на “Интеворкс“ и се прклучија уште 8 битолски компании „Бимилк“, „Кромберг и Шуберт“, „Хемометал“, „Синпекс“, „Киро Дандаро“,„ Кус Кус“ и „Цилиндо“, а акцијата и во наредниот период ќе се одвива со поддршка на Општина Битола и ЈП „Комуналец“, кој во иднина ќе ги одржува садниците.

- Во оваа фаза ќе бидат засадени 2800 садници, од кои 1030 на јавни површини, во дворовите на основните училишта, градинките, Зоолошката градина, градскиот парк и во Клиничката болница.  Останатите садници ќе бидат доделени на физички и правни лица кои  ќе  ги засадат дрвцата во своите дворови. Со ова сакаме да дадеме пример како компании дека можеме да дадеме свој придонес за зачувавање на животната средина и зголемување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Благодрани сме за вклучувањето на другите донатори, а акцијата ќе продолжи и на есен, рече Јасмина Антиќ Атанасовски, од „Интерворкс“

Од „Синпекс“ ги повикаа и останатите компании да се приклучат на вакви иницијативи за зачувување на животната средина.

-„Синпекс“ безрезервно се вклучи во оваа акција, а во своето 30 годишно постоење била и иницијатор на вакви слични акции. Би сакале да апелираме кон другите физички и правни субјекти да ги поддржуваат ваквите иницијативи. Сите се вклучивме со една цел да покажеме колку е важно зачувувањето и одржувањето на животната средина. Тој пример го следиме постојано, а како компанија која тругува со различни производи,  се обидуваме да бидеме пријателски настроени кон животната средина, рече Иванчо Стаматовски, „Синпекс“

Од ЈП „Комуналец“ велат дека ваквите иницијативи се од огромно значење и во насока на подигање на еколошката свест кај граѓаните

- Одлична иницијатива и доказ за она што го зборуваме дека Еко центарот кој што го ставивме во функција е точно за една вакава намена, да се координира и да се дава логистичка поддршка за секоја иницијатива  и на тој начин да придонесме за заштита на животната средина, а целта е подигање на свеста кај граѓаните за однесувањето кон животната средина, рече Панде Богоевски, диркетор на ЈП „Комуналец“-Битола.

Советниците во општинскиот Совет од ВМРО-ДПМЕН, исто така ја поддржаа иницијативата, но велат дека Општината треба да даде поголем придонес за зачувување на животната средина.

-Ја поздравуваме ваквата иницијатива на „Интеворкс“ и нивните партнери и ги охрабруваме сите стопанственици во Општина Битола и во иднина да го следат ваквиот пример и да вложуваат во здрава животна средина. Во изминатиот  период,  не се преземени ниту краткорочни ниту долгорочни мерки за аерозагадувато. Потрошени се нула денари за проектот гасификација, а исто така потрошени се нула денари за испитување на почвата и воздухот во Општина Битола. Се ветуваше и катастар на загадувачи, но се уште го немаме. Го охрабруваме ваквиот потег, но тука треба да се вклучи и Општина Битола со свои средства и свои  капацитети, рече Елена Трајчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во засадувањето во градскиот парк, со помош на вработените во ЈП „Комуналец“   учествуваа децата од градинките , ученици од основните и средните училишта во градот,  како  и дел од лицата со посебни потреби и членовите на здружението „Порака“.

Акцијата продолжува утре во Клиничката болница во Битола, пред  одделението за Онкологија, каде ќе бидат засадени 130 садници.

54521107 335494397085325 4528164357812518912 n

53863004 374313913297986 1128545383358660608 n

54356110 522120034983686 1652145585148395520 n

53563460 848331328835731 8465676090000539648 n

54236919 410247019755917 544039972626235392 n

54435379 773864982992305 6029886143711936512 n

54730786 2289772398013105 7210078053538463744 n

54515541 267475280855614 7703746078486560768 n

54526113 305453043475812 7358795668439171072 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани