2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Необичниот феномен на Сливничкиот манастир- БОГОРОДИЦА СЕ ПРИКАЖУВА ВО ПРЕСПА

Април 27, 2019

„Ја видов Богородица“, тврдел 73-годишниот Методија Митревски, жител на преспанското село Сливница уште во 2006 година. Митревски раскажувал пред 13 години дека Христовата мајка Богородица му се прикажала есента додека со стадото овци минувал крај Сливничкиот манастир израден пред повеќе од 400 години во чест на пречистата светителка. Женската фигура била облечена во тема облека, забрадена со шамија, слично како на иконите.

„Беше приквечерина и со овците се враќавме од пасење. Таа излезе од густата шума, помина покрај нас и се упати кон манастирот. Ниту едно куче не залаја. Како сите да бевме скаменети. Од бунилото ме освести звукот на манастирските железни порти кои таа ги отвори, влезе во дворот на манастирот и исчезна. Другиот ден ги прашував жените во селото да не оделе на манастир? Одговорот беше ист, дека ни на крај на памет не им паѓа на зајдисонце да врват низ планина за да стигнат до манастирот Св. Богородица, оддечене на три километри од селото“, раскажувал овчарот.ффгфгфд

Домарот водел евиденција за сите што ја виделе

Тој е еден од десетемина преспанци кои биле сведоци на овој натприроден деномен. Првото чудо за кое раскажуваат сливничани се случило одамна и е поврзано со неговиот дедо, сега покојниот Коте Стојановски. Како дете тој со камен ја погодил камбаната на манастирот, по што се вкочанил. Неговото семејство со месеци останало во храмот да измоли прошка од Богородица. Откако му се вратил одот, Коте не се делел од храмот, по што го добил надимакот Поп и живеел 106 години.

 

Поранешниот домар на манастирот Божин Нечовски со години водел евиденција на лица кои во манастирот доживеале несекојдневни искуства.

„Диме Босилковски и Јовко Поповски од соседното село Курбиново за Свети Трифун дојдоа да преспијат во манастирот. Им се придружи и Никола Котевски од Претор. Вечерта тој се онесвести, најверојатно од висок крвен притисок. Неговите другари тргнаа да бараат помош во селото. Кога се вратија раскажуваа дека над манастирот виделе ореол од светлина. За чудо, другар им преживеа“, раскажуваше Нечовски.

Се верува дека Христовата мајка му помогнала и на поранешниот претседател на црковниот одбор Ристо Митревски. Досека служел како српски војник бил сериозно повреден. Пре умирање ѝ ветил на Богородица дека ако му го спаси животот ќе однесе два златника во Сливничкиот манастир. Сите негови соборци од четата починале, само тој преживеал.

Чудо го спасило и животот на поранешниот домар Божин Нечовски. Пред педесетина години во шумата крај манастирот за малку ќе фател печурка околу која била намотана змија поскок. Само што ја подал раката, чул непознат глас од шумата, кој му рекол да не ја фаќа печурката оти ќе го касне змија. Од тогаш Нечовски од закоравен комунист почнал да верува во Бога.

Се прикажала и на фотографија

Сепак, најчудна е фотографијата која пред дваесетина години македонски фотограф ја направил во храмот. Го фотографилрал манастирскиот крст низ прозорецот, а на фотографијата се прикажала женска фигура со црна шамија на главата облеана со светлина, за која се претпоставило дека не бил никој друг, туку Богородица.

Натприродната сила не само што им помагала на луѓето, туку со години го штитела и манастирот. За време на Првата светска војна низ таванот во олтарот паднала бомба, која за чудо не експлодирала.

Поради специфичната и ретка камена градба, со величенствени фрескописи изработени исклучиво од земејани бои, со зачуван живопис со стилски катактеристики на македонското ѕидно сликарство од 17 век, манастирот е заштитен како културно-историски споменик. Изграден пред четири века, во паувите на Баба Планина, долги години бил собиралиште на македонски верници и учени луѓе. Само трпезаријата берела сто гости, фурната печела леб за двесте души, а бурињата собирале 10 илјади литри вино. Манастирот бил еден од најбогатите во регионот и располагал со пространи имоти дури до Елбасан, Албанија.

Но, грчкиот владика Мелитија, на почетокот на минатиот век, манастирот на чување им го доверил на луѓе расипници. Тој заедно со нив цела една недела на три огништа ја изгореле големата библиотека со книги на словенски јазик што ја поседувал манастирот.

Покрај архитекторнската, уметничката и духовната убавина, луѓе од сите краиѓта на земјава доаѓаат во Сливница и поради лековитата манастирска вода.фтхттр

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани