АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На црвен тепих, денеска беше пречекана новата градоначалничка на Општина Могила, Јасмина Гулевска.По победата на вториот круг од локалните избори Гулевска и официјално ја презеде функцијата од доскорешниот градоначалник Стево Пивковски, кој беше на чело на Општината само еден мандат. Правата жена градоначалник на Могила беше дочекана од вработените со погача.
Ова е втор пример во Пелагонија, за градоначалник да биде послан црвен тепих, откако и Општина Битола на истиот начин ја пречека градоначалничката Наташа Петровска.
Гулевска, во предизборието најави домаќинско и одговорно функционирање на Општината, како и значајни инфраструктурни проекти за поврзување на Могила со соседните општини.
– Ќе отвориме Младински културен центар и Младински совет во Општина Могила, како и отворање на старски дом, канализациска и водоводна мрежа онаму каде што досега не е изградена. Особено важно за поврзување на двете соседни општини, Могила и Прилеп, е изградбата на патот Добрушево-Канатларци, како и изградбата на клучката кај селата Вашарејца – Ивањевци, спојување на трите соседни општини, Могила, Кривогаштани и Битола – вети Гулевска.
Таа најави ставање во функција и на индустриската зона Петилеп, која се наоѓа 3,5 км северно од селото Могила, на регионалниот пат А3..