2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Трло на Широк Сокак

Мај 07, 2019

Со трска како да е трло е ограден еден од угостителските објекти на Широк Сокак.

Минувачите на најфрекфентната улица во градот негодуваат  дека поставените трски кои го оградуваат просторот со масите на улицата од угостителскиот  објектот не се ни од далеку  соодветна ограда со која треба да се обележи овој простор. Граѓаните бараат надлежните да не го дозволуваат ваквото отстапување и шаренило, особено не на најамбиенталната и најрепрезентативна  улица во градот.

Инаку уште лани во ноември, започна унифицирањето на оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак. Одлуката ја донесе Советот на Општина Битола за унифицирана ограда пред кафулињата и повика сопствениците на локалите да ја почитуваат. Од први мај сите објекти ги тргнаа унифицираните огради и како и во изминатите години поставија жардиниери со цвеќиња, ама не и трски.

uni 2

Кафулиња на Широк Сокак едно по едно ги поставија оградите  кои наликуваат на пропишаните услови од одлуката, односно  малинесто зелени со рамки со валкано бела боја. 

Според пропишаните услови оградата треба да е висока 1,80 метри, половината од метал, а горниот дел  стакло.  Металаниот дел да биде  обоен со две бои, зелена маслинеста и рамка во валкано бела боја. Металната ограда задолжително треба да биде поставена на дрвена платформа со минимална височина од 15 сантиметри  со цел да не се уништуваат плочите на Широк Сокак.

uni 1

uni 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани